Ни јогуртот не е од помош: Корисниците на социјалните мрежи го споделија „искуството“ со топлотниот бран – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 1:48 PM

Ни јогуртот не е од помош: Корисниците на социјалните мрежи го споделија „искуството“ со топлотниот бран

Топлотниот бран кој не’ погоди деновиве изискува заштита од сонцето и екстремно високите температури. Поради тропското време, надлежните во земјава апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности.

Топлотниот бран ја зафати цела Европа, но сепак, дел од Британците го дочекале неподготвени, па деновиве споделуваат фотографии на кои се гледаат изгорениците од сонце по нивните тела.

За да не ви се случи и вам вакво нешто, почитувајте ги препораките.