Миле Јанакиески во „Шутка“ штрајкува со глад – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/19 12:43 PM

Миле Јанакиески во „Шутка“ штрајкува со глад

Екс министерот Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад во истражниот затвор Скопје, каде што од петокот се наоѓа во притвор, одреден за најновиот предмет на Обвинителството за организиран криминал и корупција, односно за продажба на државно земјиште.

Адвокатот Еленко Миланов за „Фокус“ појаснува дека Јанакиески е револтиран поради одредениот притвор.

-Прекршен е законот, односно на сила се две решенија за притвор, едното за куќен притвор одреден за случајот „27 април“ и сега за новиот предмет, за кој доби притвор. Тоа е недозволено. За потешка квалификација, за „27 април“ доби куќен притвор, а сега притвор, со истите образложенија дека можел да избега или да влијае врз сведоци, вели адвокатот Миланов, додавајќи дека куќниот притвор се пкажал како ефективен и не требало да се менува за притвор.

За штрајкот со глад на Јанакиески е информиран и Кривичниот суд.

Заедно со Јанакиески во истражниот затвор се уште седумина осомничени за предметот со продажба на државно земјиште, која истрага обвинителството ја отвори во петокот.

Преземено од: www.fokus.mk