Властите во Шри Ланка вработија двајца џелати пред планираните бесења на осуденици, со што ќе биде завршен 43-годишниот мораториум за извршување смртна казна во таа азиска островска држава.
За двете работни места џелат се пријавиле стотина кандидати. Министерството за правда листата ја скратило на 36. Тие потоа поминале обука, па од нив биле избрани двајцата што се вработени.
Во моментот извршување смртна казна чекале 1.299 осуденици, од кои 48 се за дрога.