Има голем број причини кои потврдуваат дека е здраво да консумирате целер секој ден. Целерот е одлична состојка во голем број на салати, супи и варива, па да се запознаеме подобро со неговиот хранлив состав и корист за здравјето.
Хранливата вредност на целерот е заслужна за неговиот епитет – борец за витка линија
Стеблото на целерот е составено од 83% вода и здрава количина на растителни влакна, а енергетската вредност на 100 гр целер е мала и изнесува 14 kcal/59 kJ. Од тоа 0.69% се протеини, 2.97% се јаглени хидрати и 0.17% се масти. Стеблото на целерот често се консумира како сурова грицка од зеленчук, а тоа дополнително троши калории повеќе отколку што има во самото стебло. Високиот процент на вода го прави целерот идеална намирница во летниот период, која на телото му овозможува доволно течност, а со оглед на тоа што е „сиромашен“ со калории, претставува соодветна храна за сите кои сакаат да намалат вишок на килограми.
Целер е заштитник од леукемија
Се смета консумирањето на храна како што е целер или магдонос, кои изобилуваат со природниот флавоноид апигенин, може да е корисно за спречување на леукемија или повеќе позната како рак на крвта, така што го спречува растот на два вида клетки кои се јавуваат при леукемија и да ја намали веројатноста за нивно опстојување.
Флавоноидите се соединенија со антиоксидантни својства и во организмот имаат улога да ги заштитат нашите клетки од оштетување од молекулите на кислородот. Има и такви истражувања кои покажуваат дека апигенинот кој го има во целерот, магдоносот, црвеното вино, доматите или нивниот сос, како и разни други намирници од расително потекло е корисен за превенција од рак на јајниците.
Грицкајте стебло од целер за свеж и пријатен здив
Со грицкање на неговата крцкава структура се постигнува поголемо лачење на плунка што помага за отстранување на непријатен здив. Исто така, ако долго време гладувате, тоа може да е една од причините за непријатен здив, па слободно грицнете од оваа здрава и нискокалорична намирница, која нема да штети на вашата виткост, а зад себе ќе остави пријатен и свеж мирис на вашиот здив.
Преземено од: Се’ за храна