Силен град падна врз мексиканскиот град Гвадалахара, а прекривката од мраз во некои делови на градот изнесува и повеќе од еден и пол метар. Мразот ги прекриваше целосно автомобилите и стигнуваше до половина каросерија на камионите и на автобусите. Во делови од градот има поплави и урнати дрвја.
Оваа појава е многу необична. Температурата во градот е повеќе од 30 степени. Гвадалахара и порано била под удари на град, но вака дебел слој е преседан. Властите соопштуваат дека околу 200 куќи се оштетени, а призорот го опишуваат како неверојатен.
„Често се прашуваме дали климатските промени навистина се случуваат. Еве ни’ доказ – ваква временеска појава никогаш порано не ни’ се случила“, изјави претставник на локалната власт за ББС.