Трамп и Ким се сретнаа во зоната меѓу двете Кореи , и во еден момент американскиот претседател премина во Северна Кореја , што е прв пат во историјата и до денеска незамислив потег. Трамп изјави дека ќе го повика Ким во посета на Белата куќа.
,,Претседателот Трамп само што ја помина линијата на разграничување. Овој потег ќе треба да ги елиминира сите несреќни настани од минатото за да тргнеме во нова иднина.Ова е историски момент”, рече Ким во изјавата за медиумите.
,,Минувањето преку линијата на разграничување е голема чест.” изјави Трамп, додавајќи дека него и Ким ги врзува големо пријателство.