Две нови возила за полициската станица во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/19 4:58 PM

Две нови возила за полициската станица во Кавадарци

Кавадаречката полициска станица денеска доби две нови возила, донација од бизнис секторот во Кавадарци. Станува збор за две „шкоди рапид“, инаку втора донација за полициската станица по предлог на градоначалникот Митко Јанчев. Минатата година беше донирано интервентно возило-комбе.
Благодарност за донацијата искажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска беше во посета на Кавадарци.
„На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, во чии рамки е и кавадаречката полициска станица, за одбележување е што криминалитетот бележи опаѓање, за разлика од 2018 година. Таа беше една од подобрите во последните пет години, но во 2019 имаме дополнително намалување на криминалитетот. Исто така имаме зголемување на ефикасноста во работењето. Сето тоа ни дава уште поголем мотив, сите заедно да работиме кон унапредување на безбедноста -рече Спасовски.
Градоначалникот Јанчев во изјавата за медиумите истакна дека во Кавадарци се намалуваат кривичните дела и проблемите од јавна безбедност.
Минисерот Спасовски денеска ги посети и општините Градско и Демир Капија. Во сите овие општини имаше средби со полициски службеници, локални совети за превенција, градоначалници.

Ангел Данов