Ја води ли Еди Рама Албанија во граѓанска војна? – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/19 9:04 AM

Ја води ли Еди Рама Албанија во граѓанска војна?

Во атмосфера на голема напнатост во албанското општество, која би можела да ескалира дури и со граѓанска војна, нема услови за одржување фер локални избори на 30 јуни. Ова го сметаат аналитичарите на Меѓународниот инситут за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) со седиште во Љубљана.

Во анализата се укажува дека е опасно и контрапродуктивно да се одржат локалните избори закажани за 30 јуни, а кои претседателот Илир Мета ги одложи за 13 октомври.

Аналитичарите сметаат оти е потребен консензуален договор, за што треба да притиснат и ЕУ и особено САД, меѓу актуелниот премиер и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, и претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, па локалните избори да се поместат и да се одржат заедно со парлментарните кога ќе има услови за тоа.