Азем Власи за сараевски „Дневни аваз“: Денот кога Милошевиќ објави војна – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/19 9:01 AM

Азем Власи за сараевски „Дневни аваз“: Денот кога Милошевиќ објави војна

Вчера беше 630-годишнината од Косовката битка, а на тој ден пред 30 години, на 600-годишнината од битката, тогашниот претседател на Претседателството на СР Србија, Слободан Милошевиќ, на Газиместан, на Косово, имаше говор, кога пред речиси два милиона луѓе рече: „Денес, шест векови подоцна, повторно сме пред и во битки. Тие не се вооружени, но и такви не се исклучени“.

На тие случувања, Азем Власи, тогаш еден од водечките политичари на Косово ( денес адвокат), кој тогаш неколку месеци беше и во затвор по протестите на албанските рудари во „Трепча“, вчера се присети во раговор за сараевски „Дневни аваз“.

– Слободан Милошевиќ тогаш беше многу силен на политичката сцена и процени дека може да ја преуреди Југославија според апетитите на големосрпскиот национализам врз основа на фамозниот Меморандум на САНУ од 1986 година. Го придоби врвот на ЈНА и ја почна битката за „проширена Србија“ во името на „одбрана на Југославија“, која наводно е загрозена од други. Милошевиќ на Газиместан славеше загубана битка пред 600 гоини, а потоа загуби четири започнати војни со соседите за луди идеи – вели Власи за „Дневни аваз“.