Дали и како го користите целерот во исхраната? Што знаете за него, освен дека е зачин со пријатен мирис и вкус? Време е за мала, но важна едукација која ќе ве поттикне почесто да ги искористите 7-те придобивки од целерот. Богат е со витамини и минерали, го штити срцето,помага за намалување на вишокот на килограми, го отстранува непријатниот здив, ги елиминира токсините…
Во својот состав целерот содржи четириесет различни материи, а благодарение на нив тој со векови се користи во кулинарството и народната медицина. Одлично се вклопува во супи, варива, салати или сосови. При купувањето важно е да знаете дека постојат три врсти на целер. Едниот се одгледува заради лисјата, другиот заради лисните дршки, а третиот има развиен бел корен.
Богат е со витамини
Целерот е богат со витамини како А, Б, Е и Ц. Особено е значајна количината на витаминот Ц, која во листот се наоѓа дури 7 пати повеќе во споредба со коренот.
Изобилува со минерали
Освен со витамини, целерот е добар извор и на минерали. Тој содржи калциум, калиум, фосфор, магнезиум, натриум, цинк, манган, бакар и јод. Благодарение на изобилството на минерали, целерот е супер храна за нервниот систем.
Има диуретични својства и ја помага работата на бубрезите
Целерот е познат диуретик и помага за елиминирање на вишокот на течности во организмот. Затоа се препорачува во исхраната кај лица кои имаат зголемен крвен притисок. Покрај тоа, ја помага работата на бубрезите, спречува настанување на камчиња во бубрезите и го поттикнува отстранувањето на токсините.
Го подобрува варењето на храната
Целерот го поттикнува апетитот и го подобрува варењето на храната, а тоа се должи на подобрената размена на материите во организмот. Редовната употреба на целер позитивно влијае на прочитување на црниот дроб, го подмладува организмот и целокупната здравствена состојба.
Помага за намалување на високиот холестерол и ги штити крвните садови
Ако имате висок холестерол во крвта, почесто консумирајте целер. Растителните влакна од зеленчукот ќе ви помогнат за елиминација на лошиот холестерол во крвта. На тој начин ќе ги заштитите крвните садови и срцето.
Го штити дигестивниот тракт од чиреви
Една од многубројните придобивки на целерот за која малку се знае е превенцијата од чиреви. Со едно истражување е откриено дека целерот содржи состојки кои се корисни за заштита на обвивката на дигестивниот тракт, а помага и за намалување на веќе создадените чиреви.
Добар за намалување на телесна тежина
Стеблото на целерот е составено од 83% вода и голема количина на растителни влакна. Енергетската вредност на 100 грама целер е мала и изнесува 14 калории.Бидејќи е „сиромашен” со калории, тој е погоден за секој кој сака да го намали вишокот на килограми.
Го отстранува непријатниот здив во устата
Грицкањето целер може да ви помогне за отстранување на непријатниот здив, преку зголемување на количината на плунка. Благодарение на оваа особина корисен и за лица кои се на диети, кај кои појавата на непријатен здив е многу честа.
Преземено од: sezahrana.mk