Полициска акција во Скопје: Кривични пријави за 11 лица, меѓу кои и Миле Јанакиески – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/19 10:27 AM

Полициска акција во Скопје: Кривични пријави за 11 лица, меѓу кои и Миле Јанакиески

Вкупно 11 кривични пријави се поднесени за злоупотреба на службена должност и несовесно работење. Ова се првичните информации од МВР, по полициската акција која утрово се спроведе на неколку локации во Скопје, при што беа приведени повеќе лица.

Меѓу останатите за кои е поднесена кривична пријава е и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и негови соработници во Министерството, двајца нотари, и против едно лице од Агенција за катастар.

Како што соопшти МВР, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.

-По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје – појаснуваат од МВР.