Кога неуспехот е добра работа? – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 3:34 PM

Кога неуспехот е добра работа?

Верувале или не, понекогаш и неуспехот во нешто може да биде добар. Секако, секогаш има но…
Меѓутоа, познатото ”но” денес и во овој случај не треба да ве плаши.

Малку е необично дека во време кога речиси секојдневно слушате или добивате совети за тоа како треба да бидете успешни и што се треба да направите за да стигнете до тоа – ќе прочитате некаде дека неуспехот не мора да значи нешто страшно.

Особено што тие неуспеси често ги обесхрабруваат луѓето кои по првиот неуспешен обид креваат раце од она што претходно го започнале.

Мудроста што ја прочитавме денес вели:
“Неуспесите се чекори во постигнување на успех”.
Автор на ова изрека е Вилијам Вивел (1794 – 1866), англиски научник, свештеник и филозоф.
И навистина, неуспехот понекогаш може да биде многу добра работа. Но, само ако го надминете и тргнете понатаму. Кон некој успех или не – помалку е важно.

Извор: denar.mk