Викенд медиа фестивал дел од легендарниот Монопол – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 1:24 PM

Викенд медиа фестивал дел од легендарниот Монопол

Најголемиот комуникациски фестивал во регионот, кој се одржува во Ровињ, Викенд медиа фестивалот доби своја картичка во хрватското издание на омилената семејна игра Монопол.

Во создавањето на хрватско издание на оваа легендарна игра, која од 1935 гoдина ја играат повеќе од милијарда луѓе во 114 земји во светот, учествуваа хрватски граѓани, давајќи свои предлози што би сакале да ги видат во играта. Така, меѓу поголемите хрватски градови и острови, популарни културни знаменитости и природни убавини, свое место доби и картичката со Викенд медиа фестивалот.

„Ме израдува информацијата дека Викенд се најде во Монопол. Тоа само го потврдува она што одсекогаш го знаеме: Викенд е фестивал кој не се пропушта“, изјави директорот на Фестивалот, Томо Рицов.

Ова е големо признание за фестивалот кој се одржува веќе 12-та година по ред, а кој ги носи најновите трендови и предизвици кои не’ очекуваат во комуникациската индустрија. Покрај тоа што е неизбежен настан, не само меѓу бројните експерти за комуникација и маркетинг, Викенд исто така доби нова генерација посетители и стана неизбежен дел од дружењето со Монопол.

Годинашново издание на Викенд медиа фестивалот ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ. На 12-тиот Викенд медиа фестивал се очекува да има рекорден број посетители, интересни панели, атрактивни предавачи и најдобра забава во текот на три дена од фестивалот. Новина е и Викенд пакет кој овозможува резервација на сместување и котизација. Покрај тоа, сите маркетери своите кампањи можат да ги пријават на осмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи ќе бидат претставени на најважните регионални дигитални награди  – SoMo Borac.