Отворено писмо од професорите на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет до министерот Адеми – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/19 12:01 PM

Отворено писмо од професорите на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет до министерот Адеми

 

Отворено писмо до министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми од професорите од Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет – Скопје

Институтот за педагогија кој опстојува повеќе од 70 години на територијата на Република Северна Македонија и е најстариот и единствениот комплексен сублимат од доктори на педагошки науки кои се бават со научно-истражувачка и практична работа за целокупната воспитно-образовна проблематика: предучилишно воспитание и образование, основно, средно, високо и образование на возрасни е ИСКЛУЧЕН од законските решенија кои се нудат од страна на МОН во врска со основното образование, а консеквентно и од средното, високото и образованието на возрасните. Професорите од Институтот од педагогија НЕ СЕ НИТУ ВКЛУЧЕНИ ВО БИЛО КОЈА РАБОТНА ГРУПА ИЛИ ПАК ПОВИКАНИ ЗА ЈАВНО МИСЛЕЊЕ за ваква сензитивна и исклучително сложена проблематика.

Тенденцијата на невклучување на образовни експерти во клучните стратешки и законски решенија во нашата земја не е нова, напротив, трае подолг период што резултира со НЕСООДВЕТНИ ОБРАЗОВНИ ПОЛИТИКИ И ЛОШИ ОБРАЗОВНИ ПРОДУКТИ кои се рефлектират во сите сфери од општествениот и јавниот живот.

Не сакаме да веруваме дека станува збор за неинформираност од страна на МОН на клучните чинители во продуцирањето на воспитно-образовен кадар во Републиката (дипломирани педагози, воспитувачи, одделенски наставници и андрагози) кои ги продуцира Институтот за педагогија, ниту пак за тенденциозни превиди од страна на меѓународниот сектор (во овој случај УНИЦЕФ) кој треба да служи единствено како поддршка во креирањето на воспитно-образовната политика на нашата земја.

Имено, со оваа протестна нота сакаме да укажеме на сериозните недостатоци во Нацрт законот за основно образование и да го повикаме министерот д-р Арбр Адеми на стручна расправа во која би ги образложиле нашите ставови.

Со почит,

Професори од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје    

МИА