Пробниот попис во Куманово се одвива тековно, информираа денеска надлежните од регионалното одделение за статистика.
Тие очекуваат пробниот попис да заврши навреме.
-Домаќинствата соработуваат, немаме никакви проблеми, изјави координаторот на регионалното одделение за статистика Куманово, Даниела Петровска.
Во пробниот попис во Куманово се попишуваат домаќинствата од центарот градот, делот над општината и дел од улицата „Народна Револуција”, накај Пчињски пат.
– Податоците нема да се објават, пробниот попис има за цел да ги тестира организациско-техничките аспкети, додава Петровска.
Пробниот попис се спроведува на подрачје на 13 општини меѓу нив и Куманово.