Гласот на просветните работници се слуша само ако се партиски подобни – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/19 5:31 PM

Гласот на просветните работници се слуша само ако се партиски подобни

Професор во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец“ обвинува дека барањата и потребите на просветните работници се земаат во предвид ако се политички обоени. Вели дека залудно бара 14 години да биде префрлен во музичкото училиште во Скопје каде и живее.

 Како што ни раскажа професорот Ајхан Куртов, професори кои работеле неколку години во тетовското музичко училиште биле префрлани во Скопје затоа што биле партиски подобни. Барал да се премести и тој, но и покрај тоа што има 14 години работен стаж бадијала. Закажал средба и со сегашниот министер за образование да му го предочи проблемот но не бил повикан.

Министерот за образование Арбер Адеми, вели дека не бил информиран дека неговата служба му закажала средба со Куртов.

Професорот Куртов предава пијано на основци и средношколци.

Зоран Димовски