Учењето на јазикот на другиот е клучен фактор ако сакаме да добиеме едно општество – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/19 5:27 PM

Учењето на јазикот на другиот е клучен фактор ако сакаме да добиеме едно општество

Во септември се очекува да се усвои конечниот текст на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам. Месециве се одвиваат дебати каде невладините даваат свои предлози и сугестии, во однос на конечната верзија за стратегија.

Невладините сметаат дека учењето на јазикот на другиот во образованието е основа да добиеме едно општество и овој предлог треба да биде ставен во стратегијата.

Во Стратегијата не треба да се предвидуваат мерки на толеранција кон нетолерантните групи и поединци.

Во септември се очекува да се усвои конечниот текст на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам.

Зоран Димовски