Со тешки телесни повреди се здобил пробиштипјанец откако во него удрило возило возило.
Според информациите од Полицискиот билтен сообраќајката се случила вчера во 06.50 часот на улица „Тодор Александров“ во Пробиштип.
Патничко возило „Опел Корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од дваесет и осум годишниот Д.А. од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во триесет и едно годишниот пешак С.С. од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом-Пробиштип, а подоцна и во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.