Законот за спречување корупција вели дека функциите премиер и министер се неспојливи – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/19 11:33 AM

Законот за спречување корупција вели дека функциите премиер и министер се неспојливи

Премиерот, Зоран Заев, ќе го прекрши Законот за спречување на корупција, доколку биде изгласан неговиот предлог за реконструкција на Владата, со кој ќе стане и министер за финансии. Експертите велат дека одредбата 44 од Законот е јасна и недвосмислена, дека функциите премиер и министер се неспојливи.

Сепак дел од упатените сметаат дека оваа одредба е неуставна и дека премиерот треба да може да раководи со ресор, доколку е тоа потребно. Таква е и праксата во другите земји, во Грција на пример премиерот, Алексис Ципрас, еднаш управуваше со министерството за финансии, а втор пат со министерството за надворешни работи откако Никос Коѕијас си поднесе оставка.

Собранието се уште не го изгласало предлогот на Заев за реконструкција. Точката ќе биде предмет на дебата на денешната седница. Кога би се изгласал овој предлог, тогаш топката ќе биде кај Антикорупциска да утврди дали има прекршување на законот.

prezemeno-Fokus