Советот на Општина Гостивар конечно го изгласа ребалансот на буџетот на Општина Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/19 3:21 PM

Советот на Општина Гостивар конечно го изгласа ребалансот на буџетот на Општина Гостивар

Советот на Општина Гостивар конечно го изгласа ребалансот на буџетот на Општина Гостивар, со 29 гласа „за“, без против и воздржани. За оваа предлог точка немаше многу дискусија

На седницата беше усвоена и промената на Статутот на Општина Гостивар, каде зборовите „Република Македонија” се заменуваат со „Република Северна Македонија”. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бараше изземање на оваа точка на дневниот ред, но нивниот предлог не беше прифатен, по што промената се усвои до 25 гласа „за“ и три гласа „против“.

Зоран Димoвски