Херојот на Мексико, кучето Фрида замина во заслужена пензија – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/19 12:07 PM

Херојот на Мексико, кучето Фрида замина во заслужена пензија

Жолтиот лабрадор ретривер по име Фрида отиде „во пензија“ од спасувачките служби на Мексико. Светската слава ја стекна барајќи преживеани во урнатините по земјотресот што во 2017 година го погоди главниот град на Мексико, во кој загинаа повеќе од 300 луѓе.

Фрида во текот на својата спасителска кариера нашла 12 преживеани и 41 тело. Учествувала и во две меѓународни мисии по земјотресите во Еквадор и на Хаити.

Воената морнарица на Мексико на вчерашната свеченост на Фрида, која сега има десет години, и’ подари играчка за да има весела „пензија“.