Претничката на албанското малцинство во Хрватскиот сабор, Ермина Лекај-Перласкај, изјави дека се претпоставува оти во Хрватска живеат околу 30.000 Албанци, но поради разни процедури за добивање државјанство или од економски причини, само 19.000 од нив се регистрирани, а другите се изјаснувале како Хрвати или муслимани.
Според нејзините зброви, мнозинството Албанци во Хрватска живеат во Загреб и во приморските делови на земјата. Таа во емисија на РТВ „Дукаџини“ рекла дека во Хрватска има дополнителна настава на албански јазик во 17 училишта, но недостигале наставници.