Биткоинот повторно над 10.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 3:53 PM

Биткоинот повторно над 10.000 долари

Биткоинот направи голема позитивна серија и достигна ниво од над 10.000 долари. Некаде на почетокот на пролетта, најпопуларната криптовалута во светот е во постојан благ пораст на вредноста, а во мај, неговата вредност надмина 8.000 американски долари, а растот продолжи и во јуни.

Во изминатите неколку дена повторно беше забележан скок, особено овој викенд. Во првите часови од саботата цената на биткоинот на светските менувачници ја надмина “психолошката граница” од 10.000 американски долари. Ова е првпат биткоинот да се тргува по таа цена по 15 месеци, поточно од 8 март 2018 година.

Иако во повеќето случаеви е тешко да се каже што влијаеше на цената на биткоинот, многу луѓе мислат дека ова нема врска со биткоинот, туку ветрот доаѓа од Фејсбук. Објавувањето на нивната криптовалута Либра, која технички и финансиски нема многу врска со биткоинот, според мислењето на некои ги “легитимирала” криптовалутите како такви, па инвеститорите добиле дополнително уверување дека дигиталните пари ќе бидат релевантни во иднина.

Извор: denar.mk