Протестантите не успеаја да пристигнат до партиското седиште на ДУИ во Мала Речица – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/19 2:45 PM

Протестантите не успеаја да пристигнат до партиското седиште на ДУИ во Мала Речица

Протестантите кои за попладнево најавија протест пред седиштетот на ДУИ во Мала Речица не успеаа да стигнат до партијата. На улицата кој води до ДУИ беше поставена блокада од полицијата, која не им дозволи на протестантите да продолжат понатаму.

Тие протестот го започнаа пред Тетовскиот универзитет. Тргнаа кон ДУИ и на половина пат беа запрени од полицијата. Таа со блокада на улицата која води кон ДУИ не им дозвили да пристигнат до партијата на Ахмети и да му ја кажат подетално причината за нивниот ваков чекор. И нашиот медиум, но и останатите медиуми на македонски јазик не успеаа да дознаат за барањата на протестантите. Тие одлучија да не даваат изјава за медиумите на македонски јазик, посочувајќи дека треба да научиме албански и ние и премиерот, Зоран Заев.

Протестот го организираше братот на ЕЛ Чека кој од Чикаго пушта преку фејсбук таканаречени бомби за ДУИ.        

 

Зоран Димовски