Полицијата пронајде мечка како спие во шкаф во куќа во американската држава Монтана. Се верува дека мечката случајно влегла во куќата и некако успеала да ја заклучи влезната врата, неведува канцеларијата на шерифот.
Обидувајќи се да излезе од куќата, мечката направила неред во собата, се уморила и влегла во шкафот, па заспала.
Кога пристигнале, полицајците се обиделе да ја разбудат со викање и тропање. Но, мечката само се прозевнала и продолжила со дремката. Подоцна животното било вратено во природата.
Полицијата ги предупредува жителите на Монтана да си ги заклучуваат домовите, бидејќи ова не било првпат мечка да влегува во куќа.