Грчките оружени сили се во состојба на готовност поради продолжувањето на турскиот „провокативен“ настап во источното Средоземје, пишува грчкиот весник „Катимрини“. Тој наведува дека, и покрај повиците од ЕУ да престане дупчењето за нафта и гас во ексклузивата економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на готовност за да се спречи можна ескалација во источниот Медитеран.
Весникот наведува дека во Атина клучно е прашањето како да реагира Грција ако Турција спроведе истражувања внатре, во грчкиот појас.
„Плановите првенствено се засноваат на маневри на грчката морнарица зашто Турција користи истражувачки бродови, но грчкото воздухопловтво ќе има улога во секој одговор“, пишува „Катимерини“.
Прашан дали Грција може да смета на поддршка од ЕУ или САД во случај на инцидент, грчиот министер за одбрана Апостолакис деновиве рече дека такво ветување нема, па ако морале да реагираат, очекуваат дека ќе бидат сами.
Соопштеието на ЕУ, иако нејасно, го подржа премиерот Ципрас „како прва јасна и одлучна осуда на Турција поради повеќедецениското кршење на меѓународното право“.
Оружените сили на Грција ќе бидат во состоба на готовност во текот на летото, а генералите подготвувале повеќе планови во случај на евентуална турска интервенција.