Трамп ја одложи акцијата за масовни апсења мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/19 10:39 AM

Трамп ја одложи акцијата за масовни апсења мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека за две недели ја одложува најавената акција за масовни апсења на нелегални имигранти со цел да се даде време на законодавците да постигнат компромис за имиграциските прашања.

,,На барање на демократите, јас го одложив процесот на отстранување на нелегалната имиграција (депортација) за две недели, со цел да се види дали демократите и републиканците заедно ќе најдат решение за проблемот на азил и нелегални премини на јужната граница”, напиша Трамп на Твитер. “Ако не, почнуваат депортациите”, додаде тој.

Претходно во саботата, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси ги повика верските водачи да извршат притисок врз претседателот  Доналд Трамп да ја запре акција против имигрантите и нивна масовна депортација, што денеска требаше да  опфати 2.000 семејства во 10 градови во САД.

Демократот Пелоси рече дека рации и депортации “ќе донесат страв во нашата заедница” и ќе ги разделат семејствата.

“Кампања на претседателот не се разликува од извршување  сериозен криминал”, рече Пелоси и ги повика верските и другите лидери да му укажат на Трамп за вредноста на американската програма за бегалци.