Огромни експлозии во една од најголемите амеркански рафенирерии на нафта во Јужна Филаделфија. Локалните медиуми јавуваат дека од најсилната екплозија се треселе околните згради, на небото се појавила огнена топка, а луѓето што живеат во близина велат дека по експлозијата разни предмети и делови паѓале во нивните населби. Огнот и чадот, како што наведува НБЦ, биле видливи со километри.
Засега нема податоци за жртви. Во рафинеријата работат околу 1.000 луѓе, а дневно преработува 335.000 барели сурова нафта.