Премиерот Бојко Борисов во Брисел рече дека Македонците сé уште мора да созреат за да добијат датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
-Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сè додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец – таа ситна тема за едни херои што всушност биле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите наши песни се сврзани со нив. И постојано опозицијата ме прашува што прави Комисијата. Нека созреат, кажа Брисов.
Пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, Борисов го образложи своето очекување од работењето на меѓудржавната комисија меѓу Македонија и Бугарија за историски прашања и за учебниците.
– Не можам тоа да го дозволам – Бугарија направи се и тие се вивнаа во небото. Сега тие ќе треба да прават компромис во Комисијата и во антибугарската реторика , рече Борисов.
Објавено на: 06/21/19 12:06 PM