Преубавиот грчки остров на југот од Пелопонес – Антикитера официјално има 20 жители. Поради се помалиот број на жители и со оглед на фактот дека без нив се ќе пропадне, Грците нудат куќи, парче имот и 500 евра на сите оние кои ќе одлучат да се доселат на ова место.
Високите карпи кои гледаат кон морето, ги кријат заливите и пештерите, малото село во кое времето како да застанало и бујната вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда ќе ви посакаат добредојде.
Во близина на ова место се наоѓа Крит, каде до таму може да стигнете со траект за два часа. Антикитера е прилично диво место, со недопрена природа и токму тоа ова место го прави толку шармантно. Морето е кристално и совршено за нуркање, а на плажите нема гужви.
Доколку посакате да се исклучите од секојдневието и да се почувстувате како да сте надвор од светот, да потонете во мир, ова е вистинското место за вас. На островот постојат само три села во кои доминираат главно бели куќи и тесни улици, но има и неколку таверни и продавници.
Ништо на Антикитери не е слично со Парос, Миконос и Санторини, овде се гледа автентичноста на Грција. Сепак и покрај се туристите ова место го избегнуваат, а се чини дека и локалните жители му свртеа грб. Тука живеат од 20 до 40 луѓе, нема ниту едно дете и се што се случува, се случува во селото Потсмос, пренесува „Noizz“.
View this post on Instagram
Port of #antikythira island #Kythera #wildbeauty photos by @tanyachlampea
Така се родила генијалната идеја и покрената е кампања за повторно населување на островот, се бараат луѓе кои ќе се преселат на Антикитери и таму да основаат семејство. Самите природните убавини сепак не се доволни за оваа иницијатива, па на новодојдените жители понудена им е куќа, имот и 500 евра месечно во текот на три години. Во понудата има дури и бесплатна храна. Неопходно е сепак трајно да се преселите. За сега околу 15 млади семејства кои се распрашувале за условите.