Вчера во попладневните часови во близина на браната Турија кај Струмица е пронајдено безживотно машко тело, информира портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска.
– Извршен е увид на местото каде е пронајдено телото од страна на екипи на СВР Струмица и ОЈО Струмица и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Скопје, рече Рендевска.
Додаде дека по добивањето на наодот од обдукцијата ќе има конкретни информации за идентитетот и причините за смртта кај пронајдениот маж.