Сенатори жестоко против Трамп: Наместо да ги врати нашите војници, тој сака нова војна со Иран – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/19 9:27 AM

Сенатори жестоко против Трамп: Наместо да ги врати нашите војници, тој сака нова војна со Иран

 

Сенаторите од Демократската партија го критикуваат американскиот претседател Доналд Трамп поради ескалацијата на тензиите со Иран откако „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп одобрил, а потоа во последен момент повлекол наредба за напад на Иран.

Сенаторката Елозабет Ворен, која е кандидат за претседател на САД на изборите во 2020 година, го критикува Трамп поради повлекувањето од Спогодбата со Иран потпишана во 2015 година.

„Трамп вети дека ќе ги врати дома нашите војници. Наместо тоа, тој поттикнува нова, непотребна војна. Нема оправдувања за понатамошна ескалација на кризата и треба да се повлечеме од работ на војната“, пишува таа.

И сенаторот Крис Марфи жестоко го критикуваше претседателот Трамп по синоќешното објавување на текстот во „Њујорк тајмс“. Според него, САД се во спор со Иран поради Трамповиот избор, со кој пред дипломатијата ја ставил ескалацијата, а сега бил и без идеја како да се извлече од кризата што ја предизвикал.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, Трамп одобрил напади на Иран откако Техран собори американско беспилотно воено летало кај својот брег. Техеран твди дека леталото било во неговиот, а Вашингтон оти било во меѓународен воздушен простор.