Истражувањата покажуваат дека 80 проценти од луѓето во целиот свет се дехидрирани, а како главна причина се наведува консумацијата на пијалoци со кофеин, како што се кафето и чајот, кои предизвикуваат губење на течности.
Консумирањето вода е неопходно за правилното функционирање на дигестивниот систем и апсорпција на хранливи материи, како што се витамини, минерали и други супстанции кое нашето тело ги прима од храната што ја јадеме. Една од најважните придобивки од внесот на вода во телото е детоксикација на бубрезите и црниот дроб, како и исфрлање на токсини и отпад од телото.
Го стабилизира крвниот притисок
Со внесувањето на вода во телото можете да го стабилизирате крвниот притисок, но исто така и да го поттикнете процесот на заздравување на клетките погодени од рак.
Помага на заболените од дијабетес
Со цел да се намали дехидрацијата на крвните клетки кај дијабетичарите кои имаат високо ниво на шеќер во крвта, исто така е многу важно да пијат доволно вода. Затоа пациентот кога доаѓа во болница во состојба на кетоацидоза, пред сè му се дава инфузија за да се намали дехидрацијата.
Ја одржува фит линијата
Водата помага во губење на тежината, бидејќи природно го намалува апетитот, помага во спречување на прејадување и ја одржува вистинската тежина. Затоа лекарите често велат дека кога сте гладни, вашето тело всушност бара вода, а не храна.
Вистинска дневна доза
Водата треба да се внесува често, но во помали количини. Нутриционистите препорачуваат да пиете 1,5- 2 литри вода дневно. Наутро пред физичката активност немојте да пиете премногу вода.
Немојте да чекате да дехидрирате, бидејќи дехидратацијата може да резултира со сериозни здравствени проблеми, туку секојдневно внесувајте доволна количина на вода во организмот.
Извор: denar.mk