Соживот во полошко има но само меѓу возрасните – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/19 12:22 PM

Соживот во полошко има но само меѓу возрасните

Теарце е класична општина каде реално се отсликува мултукултурното општество во земјава. Живеат Албанци, Турци, Македонци. Населението припаѓа на две религии. Но тоа не ги спречува да живеат заедно и да си помагаат.

Петар Костадиновски со својата сопруга секојдневно и помага на својата сосетка во обавување на физички работи откако и починал нејзиниот сопруг. Ни раскажа дека не му е важно дали соседите припаѓаат на друга нација или вера. Тие треба да си се помагаат меѓусебно без разлика на која вера или нација припаѓаат.

И обратно. Има доста Албанци кои помагаат на жители Македонци. . Постарите Теарчани велат дека и порај воените дејствија во 2001 година Теарце и понатаму е пример за соживот. Повозрасните се дружат соработуваат си се помагаат, но младите овој начин на живот не толку го практикуваат. Практично тие живеат едни покрај други.

Во полошко регион каде има најмешан етнички состав се уште не се практикува интегриран образовен систем, преку кој младите од различни етнички заедници повеќе би се зближиле. Се уште се учи одвоено во различни смени и а во некои училишта и во различни објекти.

Зоран Димовски