Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/19 11:11 AM

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во МЗ

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата аптеки во Министерството за здравство и со тоа да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Со ова овие 20-тина проценти од вкупниот број аптеки во нашата држава значајно ќе придонесат за зголемено снадбување со лекови на сите граѓани, а со тоа на некој начин да се надмине проблемот со недостигот на лекови, што кој се јавува после одреден датум во месецот, рече Филипче пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.