Според новиот извештај на Обединетите нации, Индија за помалку од една деценија ќе ја престигне Кина и ќе биде водечка во светот според бројот на жители.
Населението на Кина и на Индија во моментот изнесува 37 отсто од вкупната светска популација. Кина има околу 1,4, а Индија околу 1,3 милијарди жители. Меѓутоа, според извештајот на ОН за 2019 година, до 2027 година Индија ќе ја претекне Кина.
Во извештајпт се наведува и дека до 2050 година Нигерија ќе стане трета земја според бројот на населението. Ќе ги претекне и САД. Се предвидува за три децении, кога бројот на леѓето на планетата Земја ќе се зголеми од сегашните 7,7 на 9,7 милијарди, половина од светската популација ќе живее само во десет земји – Индија, Кина, Нигерија, Пакистан, ДР Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и во САД.