Во јавноста, но и во политичките кругови во Хрватска кружи вест дека Маријана Петир, на која и’ истекува мандатот во Европскиот парламент, каде што доста се ангажираше и со Македонија, активно ќе биде вклучена во компањата на Колинда Грабар – Китаровиќ, актуелната претседателка на Хрватска, и оти кариерата ќе ја продолжи како нејзина советничка.
„Прерно е да се зборува за поддршка додека не се истакнати сите претседателски кандидатури“, рече Петир за „Јутарњи лист“.
Во борбата за гласови од десните и конзервативните гласачи, освен Петир, на Грабар-Китаровиќ би можеле да и’ помогнат и припадниците на конзервативното крило на ХДЗ, како Давор Иве Стиер, кој неаодамна најави дека идната пролет на изборите за нов шеф на ХДЗ ќе се кандидира против Пленковиќ.