Жбогар: Циклусот на дискриминација, сиромаштија и исклученоста на Ромите се’ уште постои – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 3:18 PM

Жбогар: Циклусот на дискриминација, сиромаштија и исклученоста на Ромите се’ уште постои

1/3 од граѓаните Роми на возраст од 22 до 25 години завршуваат високо средно и терциално образование во земјава, но наспроти ова голем дел од ромското население се уште се соочува со дискриминација и сиромаштија. Ова беше заклучено денеска на дебатата од регионалниот семинар „Млади Роми: Од образование до вработување“

Целта е Ромите да станат еднаков дел од главното општетво и треба да престанеме да зборуваме за проблемите, треба да почнеме да ги решаваме еден по еден, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар и потенцираше дека мора да се засукаат ракавите и да се продолжи со работа и да се направи најдобро што е можно.

„Имаме Влада која што е посветена, имаме нова енергија меѓу младите Роми лидери во државата, имаме помош од Европската Унија. Овој триаголник е добар почеток  да направиме разлика да ја подобриме ситуацијата. Таква е програмата што ја спроведува Ромскиот образовен фонд во чија организација е и овој настан. Дами и господо, покрај сите овие позитивни напори и резултати, мора да признаете дека вистинската работа за инклузија на Ромите се уште не е завршена, туку е пред нас. Циклусот на дискриминација, сиромаштија и исклученоста на Ромите се уште постои“, вели Жбогар.

Вклученоста на Ромите во активните програми за вработување бележи благ пораст во последните години, што можеби се должи и на подобрување на информираноста за придобивките кои ќе ги имаат доколку се вклучат во некои од програмите за вработување, изјави министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам.

„Следните чекои на кои сите ние треба да се фокусираме со цел да се постигнат подобри резултати од аспект на социјална вклученост, вработување кај младите лица и посебно Ромите се развивање политики за брз и квалитетен пораст на степенот на формално образование кај Ромите поради фактот колку е повисок степенот на образование, толку е поголема можност побрзо и полесно да се најде вработување“, рече Бајрам.

Евроамбасадорот Жбогар посочи на проблемите кои се забележани во најновиот годишен извештај на ЕК за државата, а тоа се Роми кои просат на улици, ромски деца кои не се на училиште, Роми кои живеат во нечовечки услови, во незаконски населени места, без лични карти, пребаруваат по отпадот. Се уште има малолетнички бракови и други форми на дискриминација, посочи Жбогар.