Општина Аеродром: Ќе биде преиспитан договорот со приватната маркетинг агенција – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 12:38 PM

Општина Аеродром: Ќе биде преиспитан договорот со приватната маркетинг агенција

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес, како и принципите според кои се води за одговорно и транспарентно работење, кое подразбира рационалност и економичност, сукцесивниот Договор со приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.

Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации.

Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.