Кирацовски најави тужби за неколку медиуми, ширеле лаги за неговиот имот – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 8:33 AM

Кирацовски најави тужби за неколку медиуми, ширеле лаги за неговиот имот

Поради тоа што ширеле лаги за неговиот имот, најавени се тужби за неколку медиуми од страна на пратеникот Александар Кирацовски.

– Демант и тужба за клевета за vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk; Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири – објави Кирацовски на својот Фејсбук профил.