Фејсбук очекува сериозна заработка од својата крипто валута. Новата платформа на Фејсбук за крипто валута на оваа социјална мрежа би можела да и понуди нов канал на заработка кога ќе стане активна во 2020 година.
Компанијата на Марк Зукенберг ја претстави својата нова крипто валута наречена Либра, а извештаите укажуваат дека новиот дигитален коин ќе и овозможи на базата Фејсбук од 2 милијарди корисници да префрлаат пари и да купуваат работи без никакви дополнителни трошоци.
Експертските очекувања се Либрата да биде користена за исплата помеѓу луѓето, за плаќање апликации или гејминг сервис на платформите кои се во сопственост на Фејсбук.
Крипто валутата ќе биде поврзана со неколку традиционални валути со цел Либрата да се заштити од неочекувани потреси кои ги погодија другите водечки дигитални валути како што е биткоинот.
И покрај бројните проблеми кои Фејсбук ги има кога се во прашање проток и злоупотреба на лични податоци на нивните корисници, дигиталната валута би можела да обезбеди до 19 милијарди долари приход до 2021 година, тврди Рос Сандлер, аналитичар.