Мијалков прислушуваше од четвртата зграда, а Грујевски од третата, тврди сведок во ,,Таргет-Тврдина“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 12:40 PM

Мијалков прислушуваше од четвртата зграда, а Грујевски од третата, тврди сведок во ,,Таргет-Тврдина“

Актуелниот помошник-директор на Петтата управа во МВР, Сашо Трајковски, денеска сведочи на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното нелегално прислушување.

Трајковски, кој за време на аферата во МВР работел како главен инженер во УБК, откри дека со неговите колеги гледале како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логирале на системот за следење на комуникациите.

Тој рече дека за стариот систем „Веринт“ може да тврди дека пристап надвор од МВР немало, освен еднаш во 2007 година кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид.

– За „Најс“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристспувсло надвор од кругот на Министерството. Дури во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле – раскажа Трајковски.

Покрај овие локации, тој рече дека и во просторија кај базенот во Аеродром биле инсталирани комјутери кои наводно служеле само за маркирање.

– Имаше и план наводно да се пристапува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало – рече сведокот.

Тој додаде и дека лично видел дека маркирачите, броевите што требало да ги прислушуваат, ги имале запишани на листови, а не на судски налог.