Мишел Платини уапсен поради сомневање за сторен криминал на Светското првенство во Катар – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 10:00 AM

Мишел Платини уапсен поради сомневање за сторен криминал на Светското првенство во Катар

Поранешниот прв човек на Европската куќа на фудбалот, Мишел Платини е уапсен во текот на денешниот ден поради сомневања за сторен криминал при доделувањето на Светското првенство во 2022 година на Катар.

Француската легенда беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година кога мораше да се повлече поради тоа што беше санкциониран од Етичкиот комитет на ФИФА.

„Медиапарт“ тврди дека Платини денес наутро бил однесен во притвор како дел од истрагата за доделувањето на Светското првенство на Катар. 63 годишниот Платини бил однесен во Канцеларијата на полицијата за борба против корупција и таму ќе биде испрашуван пред да биде донесена конечна одлука што ќе биде со него.

Во 2010 година Катар беше избран за домаќин на Светското првенство кое не очекува за три години, а многу проблеми со доделувањето на организацијата излегоа подоцна. Се верува дека Платини се сретнал со фудбалскиот челник од Катар, Мохамед Бин Хамам дури 50 пати пред да биде донесена и официјалната одлука на ФИФА.

Преземено од: www.derbi.mk