Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
– Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата, истакна Могерини.
Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир. – Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, рече Могерини.
Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.