СВР Куманово поднесе кривична пријава за „криумчарење мигранти” против жител на Љуботен – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/19 2:08 PM

СВР Куманово поднесе кривична пријава за „криумчарење мигранти” против жител на Љуботен

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против 26-годишниот А.А. од село Љуботен, Sкопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.
Полициските службеници на 14-ти јуни годинава во 22 часот на улицата „Индустриска” во Куманово извршиле контрола на товарно возило „Фиат Дукато” со струмички регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот и пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници. 
А.А. бил лишен од слобода и судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.