Конференција посветена на АКМИС-системот – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/19 7:38 AM

Конференција посветена на АКМИС-системот

Министерството за правда со поддршка од Американската амбасада денеска во Скопје организира конференција на тема „Право на независен и непристрасен суд – Автоматска распределба на предметите – АКМИС систем, Закон за управување и движење на предметите”.

На конференцијата ќе биде презентирана анализата и заклучните согледувања од надзорот над функционалноста на АКМИС системот во судовите, а ќе се разговара и за предизвиците кои се однесуваат на функционалноста на овој систем.

Најавено е присуство на министерката за правда Рената Дескоска.

МИА