Ако сеуште не сте биле на летен одмор и немате костим за капење, еве неколку совети како да се одлучите што да одберете и како најубаво да изгледате на плажа.
Како се друго останато и костимите за капење се тренд, но потребно е да изберете модел кој ќе одговара на вашата градба. Непишано правило останато е дека костимот за капење се купува еднаш во неколку години и се носи се додека не се искине.
Денес сето тоа паѓа во вода. Оваа година повеќе од секогаш на удар се бикините. Тие одговараат на секој тип на градба, но само ако ги знаете малите тајни.
Ако имате мали и цврсти гради, одберете градник со корпи кој визуелно ќе ги зголеми вшите гради. Истото важи и за мали, но опуштени гради. Доколку спаѓате во оваа категорија, за вас се стилизирани бикини со јаки прерамки и триаголници поврзани со жица.
Доколку сакате оптички да ги зголемите вашите гради одберете некој со модни додатоци како што се шљокиците, а ако имате крупна градба во горниот дел изберете градник со V израз.
Доколку имате бујни гради секогаш бирајте костим за капење чиј горен дел има жичана конструкција која убаво ќе ги подигне вашите гради. Избегнувајте ги градниците без прерамки и да не бидат многу шарени. Наместо тоа набавете еднобојно бикини.
Тангите нека останат резервирани само за младите, а ако сакате да го сокриете задникот, долниот дел од костимот за капење нека биде високо изрежан. така визуелно ќе ги продолжите нозете и ќе изгледате повитко.
Доколку имате голем задник, за вас долниот дел од костимот за капење треба да изгледа како кратки панталончиња.