Во текот на денешната посета на Преспа, изјави амбасадорот на Германија во земјава Норберт Герберих беше прашан за европерспективата на Македонија и најавата за можно предавање на мандатот на премиерот Зоран Заев, доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ.
-Не верувам дека премиерот Заев ќе даде оставка, бидејќи тој направи добра работа изминатиот период, што ја стабилизира државата, рече Гербегих.
На прашањето за постојаното пролонгирање на датумот за почнување на преговори и потенцијалната закана за Преспанскиот договор по закажувањето на предвремените парламентарни избори во Грција, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече:
-Не е време за борба. Треба да се работи. Работа, работа и само работа, рече Тимоние.
Објавено на: 06/16/19 11:17 AM