Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска најави дека во недела во Охрид партиските органи ќе дискутираат за настаната ситуација по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел
– Во недела Централниот совет ќе одржи состанок во Охрид и ќе дискутира за настанатата ситуација по средбата со канцеларката Меркел. Ние сме кажале дека водиме сметка за општата слика на земјата. Ние имавме можност со претседтателските избори да ги одржиме и парламентарните, но не сакавме да дадеме алиби, велам дека тоа го одложивме затоа што сакавме да видиме што ќе се случи. Во недела во Охрид оваа одлука ќе се расправа од партиските органи – изјави Шекеринска во емисијата “Патот кон” емитувана во Алсат.
Според Шекеринска СДСМ води сметка за иднината на земјата и не само за нејзините партиски интереси.
Преземено-Слободен печат