Новата летна сезона во Аква паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски” во Скопје почнува денеска во 10 часот.
Аква паркот и годинава нуди интересни содржини за сите возрасти: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.
Новитет е и полудневната карта што ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.
Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во државава.
МИА